Неажурноста и неспособноста на градските власти и Данела Арсовска резултираа со купишта ѓубре по улиците низ Скопје, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Главниот град со денови тоне во смет, а градската власта само се расправа со вработените, додека ѓубрето шири неподнослива миризба низ урбаните средини.
Граѓаните се оставени на пеколни температури да ја трпат миризбата, и да бидат изложени на потенцијални зарази, затоа што градските власти не можат да го соберат ѓубрето од улиците.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на општините во состав на град Скопје, гледајќи ја неспособноста на градските власти и Арсовска вечерва се самоорганизираат и градоначалниците Тимчо Муцунски на Аеродром, Орце Ѓорѓиевски на Кисела Вода, Бобан Стефковски на Гази Баба, Александар Стојкоски на Ѓорче Петров и Дарко Костовски на Бутел ќе бидат на терен со општинските служби во чистење на Скопје од ѓубрето во кое тоне градот заради Арсовска и неспосбните градски власти.
Со цел брзо и ефикасно чистење побарана е помош од повеќе општини од внатрешноста на државата, управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе испратат возила за собирање на ѓубре.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи скопјани да трпат заради нечија неспособност, се вели во соопштението.