Москва сака да вакцинира до седум милиони луѓе, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин. Русија денеска повторно има рекорден број нови случаи на Ковид-19.

Москва вчера започна да ја дистрибуира својата вакцина Спутник V до над 70 клиники до најранливите групи, започнувајќи масовна вакцинација во Русија против ковид-19.

Русија денеска забележа рекордни 29.039 нови случаи.

„Ние мора да вакцинираме од шест до седум милиони луѓе“, рече Собјанин во интервју за државната телевизија Русија-1 објавено денеска.