Околу 80 проценти од домаќинствата во Киев се без вода и струја по вчерашниот руски ракетен напад, јави ДПА, повикувајќи се на властите.
-Сите општински служби работат на обновување на снабдувањето со електрична енергија и вода во Киев што е можно поскоро, изјави Виталиј Кличко, градоначалникот на овој тримилионски град.
Во вчерашниот руски ракетен напад погодени се телевизиската мрежа, електропреносната мрежа и водоснабдувањето. Во моментов, електричните автобуси не сообраќаат поради недостиг на електрична енергија, а возовите на метрото сообраќаат само на секои 10 минути.
Владините претставници ветија дека до утринава ќе го обноват снабдувањето со електрична енергија и вода.