Градоначалникот на Лампедуза, Тото Мартело, денеска изјави дека ситуацијата со мигрантите на островот е нерешлива и најави дека ќе прогласи вонредна состојба.

На италијанскиот остров Лампедуза, со околу 6.300 жители, во моментов престојуваат 1.027 мигранти, што е десет пати повеќе од капацитетот за прифат – 95 лица, јавуваат италијанските медиуми.

-Ситуацијата стана нерешлива. Доколку владата не го стори тоа, јас ќе прогласам вонредна состојба, рече градоначалникот Мартело.

Во последните 24 часа во Лампедуза пристигнаа повеќе чамци со вкупно 203 лица од Тунис, јавуваат локалните медиуми.

Италијанскиот весник „Месаџеро“ наведува дека меѓу мигрантите има 25 заразени со коронавирус.