Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер денеска го отвори годинешното издание на најголемиот фестивал на пивото во светот – Октоберфест – oбјави „ДПА“.
Тој го отвори првото буре пиво напладне по локално време. Тоа значи дека пенестата течност сега може слободно да се точи во многуте шатори што се поставени.
– Ќе го направиме Октоберфест што е можно побезбеден – вети градоначалникот Дитер Рајтер за 189-тото издание на фестивалот.
Со металните детектори кои ги прегледуваат посетителите на сите влезови на Октоберфест и повеќе камери за надзор, властите во Минхен не штедат напор да спречат каква било потенцијална опасност – пренесе „ДПА“.