Градоначалникот на Монако, Жорж Марсан, е обвинет заедно со уште четири лица за корупција, објавија денеска извори блиски до локалното обвинителство.

„Во рамки на судската истрага, пет лица меѓу кои и градоначалникот се осомничени за активна и пасивна корупција и тргување со влијание“, наведоа правосудните извори.

Марсан бил сослушан кај истражен судија и е под судски надзор, наведуваат истите извори, додавајќи дека засега не можат да дадат попрецизни објаснувања бидејќи истрагата е во тек.

На почетокот на годината, Советот на Европа го повика Монако да ја подобри ефикасноста на надзорот на истрагите и кривичното гонење во контекст на перење пари и конфискација на приносите од криминал.

Монако, кој веќе е под притисок на Европската унија поради претходните скандали со перење пари, одговори дека „најдобро ќе ги почитува меѓународните стандарди“.