Градоначалникот на Тихуана, Хуан Мануел Гастелум, прогласи состојба на хуманитарна криза поради се поголемиот број мигранти кои пристигнаа во тој мексикански град на границата со САД.
Од ОН тој побара помош за да може градот да се избори со околу 5.000 мигранти од централна Америка.
Најголем дел од мигрантите се сместени во импровизирани сметувалишта, во спортски комплекси, а им помагаат волонтери и луѓе од градската управа. Гастелум ја критикуваше и мексиканската влада дека не ја разбира доволно заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја затвори границата ако проценат дека Мексико нема контрола врз ситуацијата во Тихуана.