Тоа е повеќе канцеларија во која луѓето се собираат на приватна основа. Едноставно, решаваат и се собираат дали во градина, во канцеларија или дома. И нема шанси да носи име на културен дом и никако да го носи името на Никола Вапцаров, вели Стојанов.

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, кој вчера беше отворен, за бугарските власти и натаму е нелегален.

„Клубот е нелегален бидејќи не го почитува Законот за просторно планирање дека е културен центар. Тоа е повеќе канцеларија во која луѓето се собираат на приватна основа. Едноставно, решаваат и се собираат дали во градина, во канцеларија или дома. И нема шанси да носи име на културен дом и никако да го носи името на Никола Вапцаров. Тоа едноставно е канцеларија“, изјави градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов, за Бугарската национална телевизија.

Според него важно е што сѐ поминало мирно и без нарушување на јавниот ред и не очекува нови тензии.

„Мислам дека овде нема да има никакви проблеми. Благоевград е мултинационален град, во кој живеат луѓе од различни националности како една заедница меѓу себе. Затоа не очекувам никакви проблеми во оваа насока. Ако до мене, како градоначалник, стигнат какви било сигнали, ќе ги пренесам до надлежните органи“,
изјави Стојанов.