Да ни векува храмот ѓорчетровски, порача градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
-Почитувани сограѓани, со голема радост и заедничка духовна гордост денес одбележуваме 50 години од осветувањето на црквата „Св. апостоли Петар и Павле“ во Ѓорче Петров. Во чест на овој златен јубилеј, денеска се одржа свечена литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите г. Јосиф и г. Климент. Овој настан не само што ја зацврстува нашата вера и традиција, туку и го потврдува духот на заедништво што нè обединува како заедница. Да продолжиме да го негуваме нашиот духовен и културен идентитет, и да се радуваме на многу идни заеднички празнувања, истакна Стојкоски.

„Со честитки до сите верници, и нека ни е за многу години!“-порача тој.




