Жителите на руското гратче во регионот Перм биле изненадени кога забележале дека државата им наплатила данок поради дожд.
Ваквата информација се проширила во јавноста откако еден од жителите забележал дека му е наплатен дополнителен надомест на месечната сметка за комунални услуги.
На сметката пишувало дека дополнителниот надомест се наплаќа за „канализација”, а кога граѓаните се пожалиле во локалната комунална компанија тие добиле одговор дека плаќаат за дождовницата која од крововите заминува во канализацијата.
Граѓаните се побуниле, тврдејќи дека дождот не се спушта во канализацијата, а исто така не им е јасно дали овој дополнителен надомест ќе мора да го плаќаат редовно во текот на целата година или само во периодите на дожд.
Слична ситуација се случила и во еден друг руски град во 2017 година, кога локалната комунална компанија го образложило наплаќањето на данок како неопходна мерка за спасување на фирмите од банкрот.