По само пет кола во тековната сезона, Барселона веќе го забележа вториот пораз, откако синоќа загуби на гостувањето во Гранада.
Домаќините победија со 2:0 со головите на Рамон Азиз во 2. инута и Вадила во 66. минута од пенал.
Во пресрет на останите средби од 5. коло во шпанската Примера, Гранада е лидер на табелата со 10 бода.
Барселона остана на седум бода и е седма со можност да биде потисната уште некое место подоле до комплетирање на колото.