Македонските државјани од вчера можат да влезат во Републикаљ Бугарија со негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Оваа вест која претходно беше објавена во бугарските медиуми, денеска ја потврдија од граничен премин Делчево од каде информираа дека засега нема поголеми гужви на преминот.

-Според информации на нашите колеги од граничен премин Станке Лисичково, со оваа одлука ќе им се дозволи влез на туристите од С.Македонија, коишто ќе обезбедат ПЦР тестови, не постари од три дена. Одлуката засега не предизвика поголеми гужви на нашиот граничен премин. Очекуваме тоа да се случи за време на викендот, информираа од граничен премин Делчево.

Согласно претходната одлука во Бугарија, имаше забрана за влез за македонските државјави во периодот од 16 до 31 јули, освен за транзитирање преку оваа земја. Во моментот согласно последните информации на бугарското Министерство за здравство, во Благоевград кој е првиот најблизок град до Делчево има шест позитивни на вирусот додека во целата Благоевградска област заразени се 19 лица.