На граничните премини Богородица, Табановце и Блаце возилата се задржуваат од 30 до 45 минути, а на другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.