Јасна е пораката од народот дека овие не се пожелни, не сакаат да ги гледаат, да ја водат државата во бездна буквално по секоја основа во бездна. Јас напишав еден шеговит статус каде што реков дека државата станала кралевина без да знаеме. Бидејќи Заев си избра престолонаследник, некој кој што ќе му го наследи престолот без да има никаков легитимитет од народот. Тоа е исто една чудна варијанта, апсолутно чудна варијанта особено што се работи за еден анонимус, човек кој што не е познат и во Социјалдемократскиот сојуз“,истакна Солза Грчева во гостување во емисијата „Што не е јасно“ со Љупчо Цветановски, на Алфа телевизија, говорејќи за Димитар Ковачевски.
Грчева додаде дека Ковачевски е очигледно пиун кој што ќе биде манипулиран, а до кога ќе дозволи да биде манипулиран тоа не се знае.
„Овој конкретно ќе биде со кус век. Веќе јас предвидувам дека многу бргу оваа година ќе имаме предвремени избори на кои што Социјалдемократскиот сојуз ваков каков што е разнебитен ќе биде прегазен“, нагласи Грчева.
Грчева посочи дека функционерите од СДСМ не можат да се спуштат на земја, тие не знаат на која планета просто живеат, а не пак во која земја живеат. Функционерите од СДСМ едноставно ќе бидат запаметени по набавките на бадеми, цвеќиња, автомобили и прибор за јадење.
„Човек како Ковачевски е навикнат на многу пари. Тој уште од Телеком е навикнат на многу пари. Како многу млад бил доста богат, имал многу пари“, рече Грчева.
Грчева укажа дека тие што имаат многу пари тие сакаат многу уште повеќе. Дури во новата Влада која што ќе ја промовира Ковачевски е стара, само неколку балерини ќе уфрли со кои што ништо нема да се промени.