Нашиот Соборен храм, од каде штотуку доаѓам, ни го затворија пред нос во 19 часот, на нашиот најголем празник, објави поранешната пратеничка и претседател на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева.

– Сите што чекаа да влезат и купат свеќи и остават пари и ја помагаат со тоа и црквата, бевме избркани со зборовите:„Ајде тргајте се од тука“. На Велигден затворен главниот храм. Цел свет прошетав, ниту една црква затворена на празник не сум начекала. А се жалат дека се намалил бројот на верници. Срамота за црквата, греота за луѓето!- коментира проф. д-р Солза Грчева на својот профил на Фејсбук.

Тоа, како што е наведено, се случило синоќа во Соборниот храм во Скопје.