Се срамам од мојата Македонија која веќе не ја познавам, вели претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева, коментирајќи ја информацијата дека Македонија е една од педесетте земји кои гласале против Резолуцијата до ОН за осуда на фашизмот, употреба на нацистички симболи, осуда на секој вид ксенофобија, исламофобија, антисемитизам.
Резолуцијата е предлог на Русија, а Македонија, Јапонија, Австралија и Либерија освен што биле против, предложиле амандман за осуда на Русија.
– Поголема брука од оваа наша држава, нема. НЕМА! Русија даде Резолуција до ОН за осуда на фашизмот, употреба на нацистички симболи, осуда на секој вид ксенофобија, исламофобија, анти-семитизам итн.
Резолуцијата е усвоена со 105 гласа за и околу 50 против, меѓу кои и НИЕ. Во “против” се пазете сите наши “пријатели” од колективниот Запад. Уште повеќе, четири земји, само четири: Либерија, Јапонија, Австралија и Македонија дадоа амандман во кој велат дека иако се анти-фашистички расположени, уште повеќе се анти-руски, вели Грчева во објавата на Фејсбук.
Па, вие чудете се зошто Бугарија само не “администрирала” и зошто ни отвораат клубови со имиња на фашистички соработници, додава Грчева.
– Вазаливе на кои им нема рамни, со скршени кичми, ни ја менуваат историјата, не прават нецивилизирани, не прават земја на зомбирана младина и народ. Фуј, да си во друштво на оние кои го поддржуваат фашизмот и други екстремни идеологии. Се срамам во име на мојата Македонија која веќе не ја познавам. P.S. И лани на иста ваква резолуција, против биле само САД и Украина (значи дале поддршка на фашизмот), а Севернава била воздржана! Боже, добро е што ми се починати родителите, чичковците и сите можни роднини кои биле од прв ден партизани, во рамки на Народноослободителниот фронт. Барем не го видоа ова злосторство, пишува Грчева на Фејсбук.