Во нормални држави паѓа владата ако откријат дека братот на премиерот зел кредити од Еуростандард банка и не ги враќал, вели претседателката на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева.
– Ја пропаднал банката и оштетил над 700 штедачи. До вечер ќе му дојде полиција, а владата ќе оди во аут. Исто и сопственикот ќе оди одма во апс што давал сомнителни кредити. Само јаже овде треба да игра за сите ајдуци кои 30 години печалат на грбот од оваа мизерија, пишува Грчева во својата објава на нејзиниот профил на Фејсбук.