Загрижени сме поради барањето на оние кои се нарекуваат Македонци, жители од Северна Грција за служење литургии на т.н. македонски јазик, се вели во писмото на Светиот синод на Грчката православна црква до цариградскиот патријарх по барањето на Виножито, партијата на Македонците во Грција, за употреба на македонскиот јазик во дел од грчките православни цркви.
Во писмото на „Виножито“ упатено до Цариград се вели: „Како православни христијани, етнички Македонци во Грција, бараме во нашите цркви да може да се применува и нашиот мајчин современ македонски јазик, кој припаѓа на поширокото семејство на јужнословенските јазици“
Според грчкиот Синод, кој вчера испрати писмото до патријархот Вартоломеј, се истакнува дека станува збор за таканаречен идиом, кој го зборуваат самопрогласени Македонци и оти треба д асе земе предвид дека се однесува за „национално чувствителен регион“.