Потпишување договор за избегнување на двојното оданочување со Македонија, бараат од Федерацијата на индустрии на Грција во писмото испратено до грчкиот министер за финансии, Евклидис Цакалотос, објавија грчките медиуми.
Од Федерацијата сметаат дека договорот „ќе биде силен поттик за зајакнување на економската соработка на двете земји, со тоа ќе им се даде можност на грчките бизниси што се активни во земјата да ја подобрат нивната позиција, а тоа ќе погогне во зголемувањето на грчкото присуство во регионот, јави МИА од Атина.