Хуманитарната организација Оксфам и Грчкиот совет за бегалци ја повикаа Европската унија за забрзување на прераспределбата на бегалците меѓу државите во блокот, јави ДПА.
Откако Европската комисија даде предлози за реформи во септември минатата година, има мал напредок, велат организациите во нивниот заеднички извештај. Од септември до крајот на минатата година, не повеќе од 2.500 луѓе беа распределени во 10 земји на ЕУ, наместо ветените 5.100.
Иако другите мерки утврдени во Пактот за бегалци ЕУ-Турција во 2016 година беа спроведени веднаш (на пример, прифатните центри на грчките острови), се уште нема договор за распределба на барателите на азил во ЕУ, се вели во извештајот.
Исто така, ја повикаа ЕУ да обезбеди пристојни услови за живот во камповите, кои според пактот требаше да бидат привремени, а не долгорочни.
Новиот камп на островот Лезбос, изграден по пожарот во логорот Морија, се уште не ги исполнува минималните услови, се вели во извештајот. Тој посочува дека Грција го носи товарот за грижата за пристигнатите мигранти.