Грчките земјоделци на денешниот состанок одржан во Лариса одлучија да ги интензивираат нивните активности и најавија одржување на голем протест во вторник во Атина, но и блокади на патишта, гранични премини и пристаништа, јави дописничката на МИА од Атина.
Земјоделците одлучиле со трактори, автомобили и автобуси, во вторник да пристигнат во Атина и повикале на масовно учество, додека пак оние кои ќе останат на поставените блокади, ќе ги затворат граничните премини и пристаништата.
На граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) веќе неколку дена се паркирани трактори, кои се подготвени за евентуални блокади.
Грчките земјоделци во вторникот се сретнаа со премиерот Кирјакос Мицотакис кој им соопшти дополнителни мерки за поддршка, меѓутоа по средбата коментираа дека не биле исполнети сите нивни барања и објаснија дека ќе ги информираат нивните колеги за заедно да одлучат кои ќе бидат следните чекори.
Земјоделци веќе четврта седмици протестираат со поставени над 55 блокови низ целата земја, повремено блокираат патишта, автопати и гранични премини, како што е случај со премините Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Македонија.