ГРЦИЈА: Додека се плашат од корона вирус, за само една недела 17 починати од сезонски грип

/ 27.02.2020

За само една недела во Грција се регистрирани 17 нови смртни случаи од сезонски грип, а од почетокот на сезоната, односно од октомври минатата година, заклучно со 23 февруари 2020, 77 лица починале од грип, покажува неделниот извештај на грчката Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

Од починатите 77 лица, 44 се мажи, 33 жени на возраст од четири до 91 година, а 72 односно 93,5 отсто припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.

За една недела седум лица биле примени во болница, со што бројот на хоспитализирани на интензивна нега од почетокот на октомври 2019, се зголеми на 206 лица.

Што се однесува до орона висрусот кој предизвикива аника, во Грција се забележани само два случаи и тоа без смртни последици.


Од истата категорија