Потпишувањето на договорот за поморската граница меѓу Грција и Албанија од грчките медиуми се оценува како еден од најважните дипломатски процеси во моментов за двте земји.
Причината е што со него ќе се регулира прашањето на граничнта линија, а со тоа и решавње на контроверзнотото прашање за кеслузивните економски зони во поширокиот постор на Јонско Море, со што ќе се дозволи експлоатација на природен гас. Но, и двете држави практично ќе ја завршат состојбата на војна.
Договорот веќе почна да произведува искри во Албанија, а претходниот претседател Сали Бериша дури најави дека е можна и војна околу прашањето со границата. „Рама прави се за да им го продаде морето на Грците“, изјави Бериша.
Сепак, едно прашање министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, исто како и со Преспанскиот договор постигнат со Никола Димитров, го затвора – прашањето со Чамите (албанска етничка група) го закопува во историјата како непостоечко. Со два договори затвора две големи прашања – македонското и албанското малцинство.
За Атина тоа прашање датира од 1920 година кога таа муслиманска популација не била опфатена со обавезната размена на населениемеѓу Турција и Грција. Иако Ататурк не го прифатил тоа население, Грција смета дека нивно број не бил поголем од 23.000. Не признава ниту побарувањеа на сопственост од страна на Чамите откако биле протерани по Втората светска војна. Многумина биле на страна на Вермахтот, а потоа неколку илјади биле убиени, другите протерани.
Ова прашање остана темно петно од историјата, која Атина не сака да го расчисити, а Коѕијас, сепак, дипломатски го затвора.