Грчкото Обвинителство ќе започне прелиминарна истрага за лажните вести што се шират на интернет, а се поврзани со тестовите за домашна употреба, т.н. селф тестови за Ковид-19, кои задолжителни за учениците, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Според АНА-МПА, во лажните вести пишува дека ако ученик кој се тестирал со селф тест, добил позитивен резултат, а при вториот тест се потврди дека е заразен, тогаш ќе биде пренесен во „ковид центар“, нешто што не постои и не е предвидено во соодветната министерска одлука.
Надлежната обвинителка дала наредба да започне истрага, односно да се откријат лажните вести, како и оние кои ги шират.