Грција ги укинува сите мерки до септември.
Сите невакцинирани ќе можат слободно да влезат во земјата без негативен брз тест, а од септември повторно ќе се воведе брз тест, пишува грчкиот портал Енимеротико.
Од Делфи, каде што се одржува 7. Економски форум, министерот за здравство Танос Плеврис најави дека укинувањето на мерките ќе важи од мај до крајот на летото.
Тоа практично значи дека на невакцинираните нема да им требаат тестови за да седат на отворени простори во баровите, кафулињата, рестораните и ноќните клубови, а оваа мерка ќе трае во текот на летото.
Според министерот за здравство, нивното враќање во суштина ќе биде за четири месеци и додаде дека „не ја игнорираме пандемијата, туку влегуваме во нова регуларност со укинувањето на рестрикциите, но сепак ќе бидеме подготвени за есен и вакцинација“.
Информациите велат дека Комисијата расправала летото да се помине без ограничувања и само со самотестирање, без обврска за молекуларен или брз тест. Во секој случај, процесот ќе се одвива чекор по чекор.
Се чини дека овој Велигден, Грците ќе го поминат со мерките кои се се уште на сила, бидејќи пресвртница за донесување одлука е 2 мај.
Затоа, на Страсната, но и следната недела, ќе биде потребно целосно вакцинираните со три дози да покажат потврда за вакцинација, за да можат да влезат во затворените простории во локалите, но и во малопродажба, додека оние кои се уште се сметаат за невакцинирани се исклучени од внатрешниот простор и им треба негативен брз тест.