Во Грција заврши истрагата за договорен фудбалски натпревар помеѓу екипите на Олимпијакос и Атромитос што се одржал во 2015 година, пренесува „СДНА“.

Олимпијакос може да биде испратен во долната дивизија, а неговиот претседател Вангелис Маринакис е обвинет за местење на фудбалски натпревар и може да биде дисквалификуван доживотно. Тој би можел да биде и казнет со парична казна од 3 милиони евра. Маринакис е осомничен дека наместил неколку средби со Олимпијакос помеѓу 2014 и 2015 година.

Обвинителството исто така обвинува неколку фудбалски судии и клубови, меѓу кои и Панатинаикос. Осомничени се 15 лица, меѓу кои и претседателот на Атромитос, Јоргос Спанос, поранешниот претседател на Грчката фудбалска федерација,Георгиос Сарис, поранешниот потпретседател на Федерацијата Аристидис Статопулос и шест судии.

Во случајот е вклучен и Рикардо Са Пинто, кој беше тренер на Атромитос во 2014/2015 и 2017 година.

Основан во 1925 година, Олимпијакос е најтрофејниот клуб во Грција со 44 титули. Тимот води оваа сезона по 26 кола во превенството, но во моментот тоа е прекинато поради пандемијата од коронавирус.