Јавниот долг на Грција е зголемен до 334,98 милијарди евра или 182,2 отсто од БДП на државата, во третото тримесечие од 2018 година и тоа е највисок процент за Европската унија, објави Евростат.
Вкупно за ЕУ во просек долгот е 81 отсто од БДП, од 80,8 отсто за второто тримесечие од 2018 година.
Најмногу зголемени задолжувања во тој период има во Грција (182,2%), следува Италија (133%), Португалија (125%), Кипар (110%) и Белгија (105%). Најмали се задолжувањата на Естонија (8%), Луксембург (21,7%) и Бугарија (23,1%).