Поради силниот северен ветер што во одредени делови во Егејско Море достигнува од девет до 10 бофори, од утрово важи забрана за пловидба од повеќе грчки пристаништа, јави дописничката на МИА од Атина.

Голем дел од бродовите ќе останат закотвени на трите атински пристаништа Пиреас, Лаврио и Рафина, а затворени се и морските линии, што ги поврзуваат грчките градови Александруполи и Кавала со островите Самотраки и Тасос.