Новиот, мутиран вид на Ковид-19 бил потврден кај четири од шест позитивни случаи кај посетители кои во Грција пристигнале од Велика Британија, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Спореди истите информации, станува збор за патници кои за време на божиќните празници дошле во Грција, а телевизијата „Скај“ објави дека позитивните лица се сместени во хотел карантин во Атина.
Според грчката телевизија „Антена“, откривањето на новиот вид на коронавирусот во Грција, кој се шири побрзо, било една од причините за новите рестрикции што ги воведе грчката Влада.