Два нови случаи на новиот вид на Ковид-19, се откриени во Грција, според грчките медиуми, а потврдени се вкупно 26 случаи на мутираниот вид на коронавирусот откриен во Велика Британија, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите на телевизијата „Open“, од 26 случаи, 24 се „увезени“, односно потврдени кај патници кои пристигнале од странство, додека пак новите два се во Атина и на островот Крит, а заразените се во карантин.
Весникот „Та неа“ коментира дека она што предизвикува загриженост кај епидемиолозите е фактот што новите два случаи биле откриени меѓу граѓаните, а не на аеродромите, како што беше случај со претходните 24.