Грчкиот Парламент, со 187 гласа „за“ го прифати предлогот на 30 пратеници од Нова демократија за формирање предистражна комисија за поранешниот министер од редовите на СИРИЗА Никос Папас во врска со процесот за доделување лиценци за телевизиите, јави дописничката на МИА од Атина.
Пратениците од Нова демократија побараа да се истражат обвинувањата за начинот на кој биле одбрани приватните телевизии во периодот 2015-2016 година кога Папас беше министер за дигитална политика.
По тајното гласање и зеленото светло од Парламентот, согласно предлогот на пратениците ќе се формира специјална парламентарна комисија што ќе спроведе прелиминарна истрага за евентуална одговорност на поранешниот министер за поткуп и за прекршување на должноста.