Во првите пет месеци од оваа година во Грција пристигнале над 19.800 мигранти, што претставува најголема бројка на прифатени мигранти во една земја членка на ЕУ.
Според податоците на Европската агенција за контрола на гранциите – Фронтекст, ваквата бројка на пристигнати мигранти во Грција претствува пораст за 90 отсто во споредба со истиот период лани.
Во исто време, во Италија пристиганле 13.450 мигратни, што претставува раст за 77 отсто на годишно ниво, а во Шпанија – 8.200, што е за 59 проценти повеќе во однос на периодот јануари-мај 2017 година.
Според Фронтекс, во посочениот период во сите земји членки на ЕУ биле поднесени нешто под 50.000 барања за азил.
Во текот на минатата година пак во Унија биле поднесени 738.470 барања за азил, што претставува намалување во споредба со 2016-та, кога биле регистрирани 1,3 милиони апликации.
Најголемиот број од лицата кои лани побарале азил во некоја земја членка на ЕУ потекнуваат од Сирија, Иран или Авганистан.
Најмногу барање за азил биле поднесени во Германија, а потоа следуваат Италија, Франција, Грција, Велика Британија и Шпанија.