По повеќе од 24 часа потрага, спасувачките служби го пронајдоа мртов исчезнатиот 61-годишен сточар на грчкиот остров Крит, јави МИА од Атина.
Од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека телото било пронајдено на брегот од реката.
Грчките медиуми објавија дека телото било на оддалеченост од околу 10 километри од местото каде што исчезнал сточарот, односно каде што неговото возило беше повлечено од водите на надојдената река.