Земјотрес со епицентар во соседна Грција синоќа во 23:31 часот е почувствуван во земјава.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово соопшти дека земјотресот е почувствуван во Битола, Ресен, Охрид и Струга со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од три степени во останатите делови од државата.
Епицентарот на земјотресот бил на 170 километри јужно од Скопје со Рихтерова магнитуда од 4,7 степени.