Од петок, заедно со туризмот, во Грција се укинуваат голем дел од рестрикциите воведени на 7 ноември 2020 година, односно задолжителното испраќање смс пораки за секое движење на граѓаните и забраната за патување меѓу региони, полицискиот час дополнително се скратува, а се воведуваат правила за внатрешните патувањата со брод или авион кон островите, јави дописничката на МИА од Атина.
Заменик – министерот под премиерот задолжен за координација на работата на Владата Акис Скерцос попладнево, на прес конференција соопшти олабавување на мерките, а Грците, по над шест месеци карантин, од 14 мај Грците ќе имаат поголема слобода на движење, без да мора да испрааќаат смс пораки, без разлика дали е за пазарување, визичка активност, посета на лекар или за шопинг.
Полицискиот час, наместо од 23 часот, ќе почнува половина час по полноќ, додека пак до крајот на месецов угостителските објекти и понатаму ќе работат без музика.
Скерцос соопшти дека туризмот ќе се отвори со помош на „Green Pass“ односно потврда за вакцинација, за негативен тест или за прележан Ковид-19, а и понатаму ќе се користи и PLF формуларот ( Passenger Locator Form), при секое пристигнување во Грција.
-Безбедниот прием, престој и враќање на посетителите на нашата земја се основните принципи на нашиот план за отворањето туризмот, рече Скерцас.
Заедно со туризмот, на 14 мај се отвораат и музеите, една седмица подоцна ќе почнат со работа и летните кина, на 28 мај дозволено е организирање претстави и концерти на отворено, а во текот на следниот месец ќе се укинат рестрикциите за свадби и крштенки, кои ќе може да се одржуваат само на отворено со најмногу 100 гости.
Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, на прес конференцијата соопшти дека денеска биле спроведени над 106.000 вакцинации, до крајот на денот ќе достигнат до четири милиони вакцинации од почетокот на процесот на имунизација, 2,6 милиони граѓани примиле по една доза, односно 24,59 отсто од населението, а над 1,3 милини се целосно вакцинирани , односно над 13 проценти од популацијата.
Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.489 нови случаи на Ковид-19, починаа 70 лица, а 707 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега.
Од почетокот на пандемијата во земјата има 369.554 потврдени случаи, а од Ковид-19 полинаа вкупно 11.211 лица.