Грег БРАДЕН
(Грег Брејден е петкратен автор на бестселери според „Њујорк тајмс“, научник, меѓународен едукатор и познат како пионер во новата парадигма заснована на науката, социјалната политика и човечкиот потенцијал)
Една од најголемите мистерии во нашиот свет, во нашиот Сончев систем денес, е мистерија која е толку очигледна што некои луѓе едноставно ја земаат здраво за готово. А тоа е постоењето на нашата Месечина.
Растојанието помеѓу Земјата и Месечината е точно 108 месечини – 108 дијаметри помеѓу Земјата и Месечината. Овој број се појавува многу често во хиндуистичките и будистичките традиции. 108 е бројот на монистри на нивните бројаници.
Потоа почнувате да гледате уште подалеку. Растојанието помеѓу Земјата и Сонцето е точно 108 сонца. Никогаш нема да го видиме она што се нарекува темна страна на Месечината бидејќи таа ротација додека се движи е точно наместена со ротацијата на нашата планета. Ни изгледа како Месечината да не се движи.
Ниедна друга месечина во нашиот Сончев систем нема таква ротација. Нашата Месечина е поместена точно 6,7° од екваторот, што е токму локацијата потребна за стабилизирање на ротацијата на нашата Земја за да не се ниша – за стабилизирање на плимата и осеката и ритмите што овозможуваат животот да биде таков каков што е, и морскиот и копнениот живот.



