Гренландскиот Парламент усвои закон со кој се забранува ископување ураниум и се суспендира изградбата на рудник во Куанерсуит поради можно негативно влијание врз кревкиот еколошки систем на островот.
Локалитетот Куанерсуит во близина на градот Нарсак содржи големи количини на ретки метали кои се користат за производство на електроника за широка потрошувачка и оружје, но и радиоактивен ураниум, пренесува Хина.
Тие се значаен двигател на побарувачката за група од 17 минерали кои поради нивната важност за технолошките производи се нарекуваат и технолошки метали, но и за напорите за намалување на штетните емисии на гасови, бидејќи се користат во производството на електрични возила и турбини на ветер.
Предлог-законот за забрана за ископување ураниум беше подготвен од партијата Инуит Атакатигиит, водечка членка на коалицијата која е на власт од изборите во април.
Законот забранува истражување на наоѓалишта со концентрација на ураниум поголема од 100 ppm и отвора можност за забрана за истражување на други радиоактивни минерали, како што е ториумот.
Австралиската рударска компанија Гренланд беше на чекор од добивање конечна дозвола за развој на рудникот за време на мандатот на претходната влада, но локалните жители се спротивставија на проектот, плашејќи се дека тоа негативно ќе влијае на чувствителната средина.
Кина е водечки светски производител на ретки минерали, а Пекинг ги зголеми годишните квоти за производство во септември поради речиси еднаквата понуда и побарувачка.