Европскиот парламент денеска по грешка на 30-тина минути ги блокираше сите сајтови што го содржат британскиот домејн „.co.uk“.
Извори од Европарламентот потврдија дека грешката прв ја забележал еден британски европратеник, кој се обидел да пристапи до веб страницата на лондонскиот весник „Сан“.
Според портпарол на Европскиот парламент, инцидентот е резултат на „човечка грешка“ на вработени во информатичко-технолошката служба, задолжени за ажурирање на анти-спам филтрите.
– Грешката е веднаш исправена и се се врати во нормала за околу 30 минути, информира тој.
Портпаролот додаде дека тоа што се случи не било намерно, отфрлајќи ги гласините дека на овој начин Европарламентот и се одмаздува на Велика Британија поради одлуката на ја напушти ЕУ.