Гркот Антонис Мавропулос останал жив , откако само неколку минути задоцнил на летот од Адис Абеба кон Кенија.

Мавропулос требало да се качи во авионот , кој само по неколку минути се урна и никој не остана жив од 157 патници и членови на екипажот. Тој за грчките медиуми вели дека би бил мртов доколку успеел на време да го чекира багажот. Вели дека едноставно имал среќа.

,,Полека сфаќам што се случи и колку бев блиску до смртта. Од друга страна многу сум потресен поради оние кои ги изгубија животите” , вели Мавропулос.

Тој има компанија за рециклирање отпад и живее во Атина , а во Кенија патувал за да присуствува на конференцијата за животна средина во Најроби.

,,Не го предадов багажот , зашто имав мала пауза меѓу летовите . Да го предадев, авионот ќе ме почекаше и ќе се качев” , изјави Гркот. Тој задоцнил само две минути да се чекира на летот, што било доволно за да преживее.