Ракетата-носач „Фалкон хеви” на компанијата Спејс-икс во Земјината Орбита постави 24 експериментални сателити, на повеќе различни места, а покрај тоа однесе и истражувачка лабораторија и атомски часовник.
Лабораторијата ќе го следи распространувањето радиосигнали во атмосферата.
Атомскиот часовник на НАСА допушта грешка од една секунда на девет милиони години и ќе служи за навигација на вселенските летала.
Покрај тоа, ракетата-носач во Орбитата однесе и метални капсули со правта на 152 починати лица, којшто ќе биде разнесен во Вселената.
Според компанијата, „Фалкон хеви“ е најмоќниот носач во светот.