Авион на „Делта ерлајнс“, кој летал од Бостон до Рим, бил принуден да сврти и да се врати поради грмотевици.
Во авионот имало 216 патници, а авионот во неделата околу 18:10 часот полетал од Бостон и требало да пристигне во Рим околу 8 часот по локално време.
Тој летал над океанот околу еден час, но се свртел и слетал во САД околу 19:20 часот.
„Авионот беше вратен назад како мерка на претпазливост. Сите патници слетаа без дополнителни инциденти. Работиме за безбедно да ги однесеме нашите клиенти до нивната дестинација и се извинуваме за непријатностите“, рече портпаролката на Делта, Ема Џонсон.
Федералната управа за авијација го истражува случајот, а според нивните прописи, авионите се дизајнирани да издржат удари од гром.
Како што пренесуваат американските медиуми, бурите на источниот брег во неделата предизвикале проблеми во воздушниот сообраќај.
Неколку летови за Њујорк биле пренасочени кон Бостон, а патниците со часови чекале на аеродромот бидејќи премногу авиони слетале во Логан.
Лошото време било причина за откажување на стотици летови.