Силно невреме денеска го зафати Велес. Гром удрил во зграда во близина на основното училиште Васил Главинов, при што се запалил стан на поткровјето од зградата. Во пожарот за среќа нема настрадани. Лекарска помош им е укажана на две лица кои имале проблеми со дишењето поради вдишан чад.
Пожарот го гаснела противпожарната единица во Велес, а на помош пристигнала цистерна од ЈКП Велес.
На лице место излегле локалните власти.