Овошјето богато со антиоксиданти, како што е грозјето, превентивно дејствува врз одредени видови на рак.
Кардиоваскуларните заболувања, ракот и дијабетесот погодуваат најголем број луѓе денес, а еве како ова популарно сезонско овошје може да помогне да ги спречите.
Сезона е на грозје, а тоа е вистинско мало богатство за здравјето. Искористете ги предностите на ова овошје, кое може да помогне да се спречат некои од најопасните заболувања.
Грозјето штити од срцеви заболувања
Грозјето прави чуда за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Некои од состојките со кои изобилува го подобруваат регулирањето на крвниот притисок и ги намалуваат воспаленијата предизвикани од оксидативниот стрес, односно нерамнотежата на слободни радикали и оксиданти во организмот, ја подобруваат циркулацијата и го штитат васкуларниот систем.
Го намалува ризикот од дијабетес
Се утврди дека природниот фенол наречен ресвератрол, а кој го има во изобилство во грозјето, во голема мерка ја подобрува регулацијата на шеќерот во крвта и тоа така што го забрзува согорувањето на јаглени хидрати. Добро регулираниот шеќер во крвта значително го намалува ризикот од дијабетес.
Одлична превенција за одредени видови на рак
Овошјето богато со антиоксиданти, како што е грозјето, има превентивно влијание врз одредени видови на карциноми, според бројните студии. Всушност, улогата на антиоксидансите е да ја заштитат ДНК на клетките, да го намалат оксидативниот стрес (нерамнотежа на слободни радикали и оксиданти) и да ги ублажат процесите во организмот што влијаат на растот и развојот на туморот.
Помага при слабеењето
Наспроти популарното верување дека се калорични, овие слатки бобинки всушност имаат низок гликемиски индекс. Една чаша грозје има само 100 калории. Поради природниот фенол, ресвератролот предизвикува одредени процеси во организмот кои го подобруваат метаболизмот, а со тоа и губењето на тежина.