Одлучивме денеска да доделиме дополнителни средства во вредност од 15.000.000 денари од Буџетот за 2022 година и за Општина Студеничани за реализација на проектот на водоводната мрежа во Горно Количани, објави вечерва првиот вицепремиер на Владата на Република Македонија, Артан Груби.
– Владата ја финансираше и првата фаза од овој проект со 10.000.000 денари, а со дополнително одобрените средства ја покажуваме нашата посветеност за реализација на овој проект, кој е елементарна потреба на жителите од овој крај, објави Груби на својот официјален профил на Фејсбук.
Владата неодамна објави дека пари од буџетот се одобрени и за Општина Арачиново, која поради немање софтвер има проблеми со плаќање на даноците.