Вицепремиерот Артан Груби вечерва во Само интервју на Канал 5 изјави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ можеби и ќе гласаат за уставните измени. Да бидам брутално искрен, освен нас никој од стратешките партнери не верува дека доколку има избори ВМРО-ДПМНЕ ќе ги гласа уставните измени. Во 2011 година имаше договор ВМРО-ДПМНЕ да прифати промена на име само за надворешна употреба да се реши проблемот со Грција, не го исполнија тоа, рече првиот вицепремиер во Само Интервју.
Во моментот дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се под голем притисок од раководството, но нема потреба од паника и нервоза врз своите градоначалници, има потреба од лидерство за иднината на нашите граѓани. Во 2017 почнавме процес за општествено помирување после „Пржино“, пред „27 април“, со Груевски, Ахмети и Заев, рече Груби. Никогаш во животот не сум бил во Будимпешта.
Ниту сум видел, ниту сум сретнал некакво УСБ. Министерот за правда Лога не беше дел од овие разговори, драфтовите се разменуваа меѓу партиите од 2016 наваму и пред Алијанса да стане дел од владата, посочи Груби.
ВМРО-ДПМНЕ дала мнонопол на една компанија да организира игри на среќа за 15 години, сега државата со удел од 51% ќе ги контролира трите фирми за интернет игри на среќа, а парите од даноците ќе останат дома наместо да одат на сметки во странство. „Черепот“ не го знам, сакаме дистанца од половина километар на казината, рече Артан Груби во Само интервју.Тој посочи дека е само прв вицепремиер кој тој ден претседавал со таа седница кога била донесена одлука како и многу други. Не знам кому му пречи повеќе контрола во казината и кладилниците, рече Груби.
Нула денари се платени пенали за БЕХТЕЛ И ЕНКА, брутална лага и пропаганда имаше за најголемата инвестиција и се за дневно политичко профитерство, одговори Груби на обвинувањата на опозицијата дека се платени пенали за иградбата на коридорите.
Ниту ДУИ, ниту Ахмети ниту јас немаме никакво влијание во изборот на подизведувачи, апелирам до сите заинтересирани што сакаат да работат на еден ваков проект да се пријават има многу слободни работни места и тоа е можност да се стекне искуство во една голема компанија, што за мене значи животен проект, изјави Артан Груби во вечерашното Само интервју.