Никола ГРУЕВСКИ
Денес дознав дека деновиве ОЈО објавиле дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана кои ги бев изнајмил, а дел од нивните апологети во медиумите тоа го објавиле како сигурна информација.
Невозможно е да замрзнале мој имот кој го немам и никогаш не бил моја сопственост, кој никогаш не сум го купил, ниту сум го платил, ниту поседувал, ниту бил на нечие друго име или слично. Тие си знаат чии имот замрзнале, но мој сигурно не, и под кои услови и околности кон лицата чии имот го замрзнале, што им е договорот и со што ги уцениле па како резултат на тоа ги знаат и причините заради кои тие лица “не се жалеле”.
Уште еднаш повторувам дека ниту пријавени ниту непријавени земјишта, ниту станови како што наведуваат имам купено.
Од она што досега имам информации ОЈО под директива на власта со цел моја дискредитација и натамошно малтретирање има извршено тешки уцени, жестоки притисоци, некаде и со изрекување притвори, некаде со закана за долг притвор и потоа долгогодишен затвор, уништување на бизниси и жесток прогон кон одредени бизнисмени, нивни вработени и други, дел мене познати а дел непознати лица, со цел да направат конструкција на база на изнудени лажни сведочења дека наводно тајно сум купил таков вид имот.
Списокот на лица на кои се вршеле и понатаму се вршат тортури во овој правец е долг.
Немајќи друг избор подготвени се дури и да водат незаконска постапка за обвинение иако не сум дал исказ во обвинителството што е обврска согласно Законот и без што неможе да започне судска постапка а истото планираат или незаконски ќе се обидат да го покријат со дадени мои изјави за други предмети каде ми земале изјава под иста квалификација но за сосема друг случај што и јавно го посочија во изјава и што не кореспондира ниту со закон ниту со логика или што сум дал изјава за само еден случај во фаза на прибирање информации а не во фаза пред обвинение, што исто така е спротивно на Законот. Значи, прогон по секоја цена, макар и незаконски. Во време на пандемија со која власта е пример за неспособност за справување во светски рамки, во време на тешки криминални афери каде тие се клучните актери, власта се занимава со мене со надеж дека народот нема да се занимава со нив.
Немаат било каков матерјален доказ или вештачење со кое би се докажала моја лична инволвираност во смисла на од мене направена и потпишана финасиска трансакција на пари и слично, а најмалку мој заверен имот во катастерот, ниту пак можат да го имаат од причина што такво нешто не непостои.
Затоа, како што стојат работите, повторно како во комунизмот ќе водат постапки со неколку уценети и од нив преплашени сведоци, кои се под големи закани и на кои подолг период им се барани слабости, грешки, или било што со што можат да бидат уценети, во смисла да не им се покрене прогон за истите а за возврат тие да ги потврдат конструираните тези на обвинителството.
Како што веќе споменав дел од овие лица не ги ни познавам лично, други пак не сум ги познавал во време кога се обидуваат да фингираат наводни купувања имот.
Очигледно не им е доволно што ми го прават целиот овој прогон низ годините наназад бидејќи сваќаат дека не им поминаа во поголем дел од јавноста монтираните и ступидни обвиненија па со ова помеѓу останатото имаат цел за нов обид за моја дискредитација во очите на јавноста.
Ова меѓудругото и од причина што свесни се за сеќавањето на народот од блиското минато во врмето кога јас ја имав одговорноста за тоа како треба да се работи и води држава, како ефикасно треба да се решаваат проблемите и да се организира системот и во услови на кризи, како треба да се поставуваат амбициозни цели за развој на државата и истите да се реализираат, како треба да се води и унапредува економијата и речиси сите сектори, како треба да се привлекуваат инвеститори и отвораат нови работни места кои ќе го јакнат стандардот на населението, како треба да се бранат националните интереси, како може да се набавуваат стотици апарати и опрема за здравството годишно, и ред други нешта кои актуелните властодршци ги прави гневни и нервозни.
Наместо таа лоша слика за нив да ја променат со макотрпна работа и подобри резултати од оние кои ги постигнавме јас и мојот тим, тие одбраа политички прогон, со монтирани случаи, уценети сведоци и обид за моја јавна дискредитација.
Имајќи во обзир дека сеуште имаат доволна контрола на судско-обвинителскиот систем, свесен сум дека може секоја нивна “болна” идеја која ја наумиле, да ја реалзиираат.
Ќе дојде време кога на сето ова беснеење ќе има ревизија, но и ревизија на нивното работење и криминал. Власта е влезена во тежок криминал и имаат со криминални методи заработени огромни суми пари. Тие неделно на нелегален начин и со криминал заработуваат повеќе од земјиштата и становите кои ми ги монтираат. Опкружени и здружени со тешки криминалци околу себе од земјата и од странство, на чија услуга се ставени и со кои секојдневно ги гледаме на фотографии со нив, неможат да се помират со фактот дека ветувањето “живот” од нивна страна се покажа како едно тешко фијаско и големо разочарување а неспособноста и криминогениот стил на работење се гледаат секој ден.
Од ден на ден нивниот страв расте. И ќе расте. Има причина за тоа. Доаѓа време кога сведоците, ама не лажни или уценети, туку реални и без страв, поткрепени со матерјални докази, ќе застанат наспроти нив.