Никола ГРУЕВСКИ
Висок функционер на СДСМ денес на некој настан изјавил дека во периодот кога јас ја водев владата сум им приредил на граѓаните “заробена држава”, а дека тие сега ја ослободувале и силно се бореле против корупцијата.
Па еве да му одговорам.
“Заробена држава” има денес, а не тогаш. Имало слабости, но терминот “заробена држава” имаше друга пред се пропагандна функција во тоа време.
Разликата е во тоа што тогаш се водеше меѓународна операција за смена на власта заради инсталирање на СДСМ со цел да се смени името на државата и јазикот, идентитето на Македонците и историјата на Македонија и македонскиот народ, со цел такви да влеземе во НАТО и ЕУ, а не начин како што ние се боревме да станеме членки на НАТО и ЕУ.
Со обзир дека таа операција ја завршија и тогаш се инсталираше марионетска власт која беспоговорно ја исполни задачата и одстапките, дури и повеќе од што се бараше претходно, преку ноќ исчезна фразата “заробена држава” од разни извештаи за Македонија иако состојбата во институциите, а особено во правосудниот систем е многу полоша и тоа не е тајна. Дека ќе имаме криво насадено дрво како власт се виде уште со целосното ослободување на тогашниот премиер од дела за кои не само што имаше цврсти докази, туку и цел народ ги виде доказите наречени “Едно евро” што пресметано по број на квадрати значеше барање мито од сто илјади евра.
Актуелната власт од меѓународната заедница се третира како власт која е високо корумпирана, што го потврдува и извештајот на “Transparency international” каде од 69то место пред почетокот на операцијата за смена на власта, Македонија не е веќе ни во првите 100 и е во друштво на земји во кои повеќето од Македонците би се плашеле да отпатуваат туристички, заради локалната мафија но во некои од нив и за да не ги изедат, бидејќи во некои од тие земји нивото е такво да сеуште има присуство на канибализам од некои групи.
А во делот на судството и обвинителството веќе познато е дека довербата е падната на 4% за судството и 3% на обвинителството, нешто што никогаш ни приближно не било случај и оваа доверба во правосудниот систем не ја негира ни владата, бидејќи се плаши да се спротистави на оние кои ја прифаќаат за реална а тоа е меѓународниот фактор, на чија потпора единствено се надева актуелната власт.
Но, сеуште извештаите се помеки за сегашната власт бидејќи се третира дека е во фаза на опоравување од предавствата што ги направи со Грција и со други попуштања кои се бараа и од нас, и особено затоа што треба додатно истото да го стори наскоро со Бугарија.
Тие знаат дека власта во Македонија 6 та година ја води партија која е криминална банда, бандата пред нивни очи пљачкосува, но бандата засега испорачува тоа што се бара од неа околу идентитетските прашања преку кои и на сметка на што се завршуваат неколку геополитички планови, против кои ние не бевме, но не сакавме нашиот народ да плати таква уништувачка цена.
Затоа траат и се зголемуваат прогоните и понижувањата на луѓето од поранешната власт а се величи колку што е тоа можно, бидејќи и не е лесно, работењето на актуелната власт.
Но, и во тоа “одржување во живот” на оваа неспособна власт за која се виде дека нема способност не само да направи сериозен економски продор, туку и да одржува функционални институции и функционална држава, и во тао одржување, неможат а секојдневно да не укажуваат на катастрофата што ја гледаат во Македонија.
Криминалот, шверцот, лажењето, безредието, нефункционирањето на државните институции, неправдите, контролираното од власта правосудство, девастирањето на севкупниот дух и оптимизам на општеството итн можат (веројатно донекаде но не целосно бидејќи сега е полошо)да се споредат со средината на деведесетите години на минатиот век, период кој го оставивме некаде во 1995/96 година и мислевме нема никогаш да се врати.
Колку и да сакаат да ги заштитат за да ја завршат валканата работа, фактот што Македонија е единствена држава во светот во која друга голема држава најави дека ќе се справува со криминалот, кажува се.
Тоа што наместо да ги наведнат главите и да се повлечат, власта глупирајки се до бескрај глумеше некаква радост што ќе и помогнеле однадвор, тоа незначи дека и тие и народот и сите во Европа не се свесни дека е обид за спасување на држава која не заробена, туку е во почетна фаза на распаѓање.
Погледнете го последниот пример од вчера.
Вчера објавив информација со непобитни факти кои укажуваат дека одредени постапки на владата на почетокот на нејзиното владеење создадоа наместо стотици милиони профит за државата, стотици милиони штета за земјата, а поврзано со ОКТА.
Молчат затоа што се е вистина. Сите молчат!
А знаат. Знае и обвинителството и тоа не од сега, туку уште од 2018 година, кога истражуваа за што се потрошиле тие пари на консултанти и правници и кога обвинителите ја слушнаа и сфатија операцијата, а видоа како брутално и неодговорна е прекината од новата власт, ја прекинаа истрагата не само за да не се срамат понатаму, туку и да не се расплетка клопчето, па врвните луѓе на оваа власт да завршат во затвор.
Тоа не беше во план, бидејќи тие имаа и сеуште имаат друга мисија за која се донесени. Не смеат да реагираат.
Дури ни сега кога јавно ги објавив фактите.
Е тоа е заробена држава!
Тоа е вистински заробена, осиромашена, понижена и обезличената држава од која народот гледа да си замине како да е крвава војна!