Никола ГРУЕВСКИ

Често знаев да кажам дека Министерството за култура е македонското министерство за одбрана. Затоа што Македонија не беше нападната воено, ниту се очекуваше да биде нападната воено од друга држава, туку однадвор беа силно нападнати нашиот идентитет, име на државата и јазикот, како и нашата историја.

Бев разбрал дека на опозицијата предводена од СДСМ културата не и е приоритет, ниту некогаш и била, но кога пред изборите ја слушнав изјавата на Заев во која кажа (парафразирам): “ние нема да градиме музеи, театри, споменици и слични глупости” сватив дека проблемот е уште поголем од тоа што мислев.
Тогаш доби потврда мојот став и објаснување кога ќе ме прашуваа зошто толку се брза со некои објекти во културата, музеи, театри, споменици и слично.

Добронамерните пријатели ми укажуваа дека пребрзото поставување споменици креира проблем и ме прашуваа зошто мора толку брзо, да се постават толку многу, за кои владата обезбедуваше и трансферираше финасирање до општините.
Одговорот беше едноставен, затоа што верував дека постои голема веројатност дека децении после таа влада нема да има друга влада која ќе го продолжи истото и затоа што треба да се оддолжиме на некои личности од нашата историја кои биле херои и се жртвувале за слободата на сите и за слободна држава Македонија, или личности по кои заради едно или друго нешто светот ги идентификува со Македонија.

Со тоа паралелно ќе се разбива и секторот туризам, во кој се креира поголема понуда за туристите, како што и се случи следејќи ги бројките на туристи пред и потоа. Паралелно изградбата на објектите беше кислород за преживување на градежајата индустрија во Македонија во време на две кризи, едната светстска финансиска и втората европска должничка криза.

Овие проекти меѓу другото го создадоа или зајакнаа чувството на припадност и на државотворност на македонските граѓани кое веќе шест години се топи. Како и да е државата и граѓаните сега имаат можност да одадат почит на значајни историски личности и историски настани. Во тој дух беше и поставувањето на високи јарболи со државнито знаме низ целата држава а целиот тој дух можеше особено да се почуствува на настанот со кој одбележавме 20 години независност, настан кој оваа власт ниту се обиде да го повтори во еден таков обем, ниту пак имаше атмосфера за тоа.

Хероите треба да се слават, меѓудругото и затоа што тоа создава нови херои. Ако не ги славиме хероите и нивната жртва и подвизи, нема да има нови херои. А кога се најтешки времиња, тогаш хероите се најпотребни.
Конечно културата на славење на хероите не мора да се ограничува само на воено-политички, револуционерни или герилски движења или војсководци.

Херој на една нација од која се инспирираат генерациите кои доаѓаат и најнапредните се трудат да ги достигнат или надминат тие височини може да е некој светски познат хуманист како Мајка Тереза на пример, чија спомен куќа се изгради на улицата Македонија во Скопје, а новата власт ја запре доградбата на споменичната композиција со фонтана на плоштадот Макеоднија во Скопје.

Национални херои во своите области може да се и познати и пошироко признати уметници, како триесетина врвни поети, актери, музичари, композитори, писатели, сликарски уметници итн, чии статуи се поставија на мостот на уметноста .
Херои во секоја држава се и маченици-невини жртви, како донесените и погубени над 7.000 Евреи од Македонија од страна на фашистите, кои добија музеј и споменик пред него кој симболизира две преживеани (скриени) деца кои ги допираат и ги прегрнуваат личните предмети, облека и обувки на нивните штотуку однесени во смрт родители.
Симбол на херојство се и големите светци во христијанството како што се статуите на Пресвета Богородица, Св.Петар и Павле, Св. Никола и Св.Лидија од Македонија поставени на плоштадот Пресвета Богородица кај истоимената црква во Скопје, или 12те апостоли поставени на објектот на Министерството за политички систем, но и просветителите Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум Охридски кај камениот мост во Скопје и на плоштадот во Охрид, или некој од посовремените преродбеници како Крсте Петков Мисирков кај МАНУ или Димитрие Чуповски на плоштадот Македонија.

Врвни поети и револуционери како Никола Јонков Вапцаров пред општинската зграда во Бутел или Кочо Рацин на мостот на уметноста во Скопје и во Велес, просветителот, католички свештеник и голем албански културен деец од почетокот на 20. век кој дејствувал во реканскиот регион и во Скопје – Јосиф Багери во Скопје, кој доби споменик во Скопје, писателот и книжевник римокатоличкиот бискуп скадарски и надбискуп скопски Пјетер Богдани кој исто така доби споменик во Скопје итн.

Херои на една нација во иднина може да бидат и врвни лекари, инжињери, научници и сл. кои направиле светска кариера во својата област.

Унгарија на пример го има композиторот Франц Лист, фудбалската легенда Ференц Пушкаш, поет и револуционер Шандор Петофи, пронаоѓачот на хемиското пенкало Ласло Биро, понатаму Ерно Рубик, пронаоѓачот на рубиковата коцка, лекарот Семелвеис, Јозеф Пулицер, и уште многу други.

Периодот на културната ренесанса во Македонија беше уште по погоден, што како што веќе кажав, беше во време на светска и европска финасиска криза, па јавните градежни активности беа еден вид спас за градежниот сектор и околу 26 сектори кои одат со него, а сето тоа и огромна подршка на економијата во едно тешко време на криза.

На крајот на краиштата, понекогаш знаев да кажам дека на крајот на годината сите пари во буџетот ќе бидат потрошени, но добро е дел од нив да бидат потрошени за нешто што ќе остане трајно добро за Македонија во иднина, како што се многуте објекти во културата.

Слично беше и во другите области. На пример денес Министерството за здравство има малку поголем буџет од оној во времето кога ние за десет пати го зголемивме, но сте чуле ли да се изградила или реновирања некоја нова болница, да се набавила некоја нова посериозна нова опрема и апарати,ж. Таквито нешто почнатонинзавршенонод оваа власт е мошне ретко, и Макеоднија повторно бара донации, а нема веќе испраќање на по околу илјада лекари годишно на специјални обуки во најпознатоте медицински центри во странство. Но, за тоа во друга прилика.

Покрај вложувањето во инфраструктурата и уметничкиот потенцијал, огромно вложување имаше во културното наследство, секоја година се издвојуваше посебен и огромен буџет на средства за археолошки истражувања , кои предмети – оригинали сега се наоѓаат во Археолошкиот музеј и во останатите заводи и музеи низ Макеоднија. Над 500 илјади предмети а може и повеќе беа пронајдени на голем број локалитети а со тоа беа ангажирани и многу студени по археологија, историчари итн.

Кон крајот на секоја година се организираше јавна изложба на најинтересните предмети од истражувањата од таа година. Денес такви изложби не постојат бидејќи буџетот за археолошки истражувања е минорен и неспоредлив со времето кога власта ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ. Всушност истражувања со таков огромен обем како што имаше во тој период , немало никогаш во областа на археолошки истражувања, па и генерално во сѐ во културата.

Постојат области каде немаме со што да се споредуваме со СДСМ, како културата.

Нашата листа е долга и ќе наведам само дел од проектите.

Би сакал некој да ги напише проектите на СДСМ во културата, оние од траен карактер, па ако сака и оние тековните, како што на пример во тоа време се вработија огромен број актери, сценаристи и режисери по театрите, односно над 2.500 уметници и административен кадар се вработија во културните институции.

Или на пример големото зголемување на платите на театарските работници чие зголемување најчесто претходно било изоставано, само во 2007-2009 платите во секторот порасна за 60% а низа покачувања имаше и подоцна.
Друг пример од таа група на прашања е финасирањето на бројот на подржани проекти во музичко сценската дејност кое од 47 во 2006 година нарасна на 268 проекти во 2015 година, годишно, а во театарско драмската дејност од 70 проекти годишно во 2006 год на 150 проекти годишно во 2015 година.

Во 2006-2015 година само преку Министерството за култура се реализираа 4 илјади проекти со книги и се откупени над 46 илјади публикации.

Се воведе доделување на титулата национален уметник која по смената на власта, новата власт ја укина, се воведоа национални пензии на истакнати уметници, кои актиелната власт ги намали и ограничи, се дуплираше бројот на уметници со статус самостојни уметници итн.

А сега еве дел од листата на проекти во културата 2006-2017 година кои имаат траен ефект, не споменувајќи го учинокот на ВМРО-ДПМНЕ од претходниот мандат 1998-2002 година и проектите како светиклиментовата црква на Плаошник, крстот на Водно, Античкиот театар во Охрид и повеќе други.

1. Изграден нов објект на Македонска филхармонија

2. Изграден нов објект на Македонски народен театар

3. Изграден нов објект на Археолошки музеј на Македонија со нова постојана поставка внатре која покрај највредните
археолошки предмети содржи и голем број восочни фигури на историски личности од периодот од кога се изложените артефакти и голем број уметнички слики кои визуелизираат живот во древни времиња на овие простори од истите времиња (за жал одкако дошла некаква комисија од Грција одстранети се восочните фигури на Александар Македонски, Филип Втори Македонски и Олимпија, жената на Филип втори и Мајка на Александар Македонски, иако непостои одредба во преспанскиот договор која го налага истото).

4. Изграден е нов објект и институција “Музеј на македонската борба за државност и независност” со многу восочни фигури на историски ликови поврзани со Македонија, големи умернички слики со приказ на историски настани и ликови, како и значајни предмети и артефакти од современата историја на Македонскиот народ;

5. Изграден е нов објект “Порта Македонија”;

6. Изграден е нов објект “Спомен дом на Мајка Тереза” во Скопје. При посетата на папата Франциско, тој беше и ја посети истата, затоа што ја има;

7. Изграден е нов “Музеј на вода” кај Градиште на Охридското езеро на база на претходно обемно археолошки истражувања и откритија во тој дел на езерото.

8. Изграден е нов објект на театар во Велес “Јордан Хаџи Константинов – Џинот”

9. Изграден е нов објект “Спомен-куќа”на Тоше Проески во Крушево

10. Изграден е нов објект – зграда (доградба) на националната библиотека Св.Климент Охридски во Скопје;

11. Нов објект “Културно-образовен центар”во Тетово со нов театар и библиотека, кој за жал уште не е довршен;

12. Завршена е доизградба со ист матерјал на југозападниот бедем од уништениот дел на скопската тврдина Кале и нејзино комплетно осветлување; Два од трите предвидени мали музеи на скопското Кале во кои требаше да се изложат сретне факти пронајдени во самото Кале се завршија, но не се ставени во употреба, едниот е за отоманскоот период , вториот за праисторискиот период и третиот музеј во форма на возобновена црква која некогаш постоела помеѓу неколкуте чии темели беа пронајдени таму на тој простор остана недовршена после политичко-етничките немири против изградба на музеј во форма на црква.

13. Завршена е целосна реконструкција на стражарницата на камениот мост и спроведен е проект за осветлување на истиот;

14. Проект со кој се поставија 33 склуптури во централното градски подрачје на Скопје е завршен;

15. Завршена е темелна реконструкција на македонската опера и балет однадвор – фасадата и внатре салата;

16. Комплетно е завршена реконструкцијата на албанскиот театар во Македонија (веројатно единствен од проектите во културата довршен по смената на власта во 2017 година);

17. Изградба на нов објект на турскиот театар во Скопје, недовршен и запрено довршувањето по смена на власта во 2017 година;

18. Возобновување, изградба на нов објект на “Стариот театар” во Струмица, каде по смена на власта во 2017 година е запрено довршувањето;

19. Се изгради нов објект и се отвори нов Музеј на ВМРО во Штип во населбата Ново Село од каде се или пак учителствувале повеќето водачи и многу истакнато војводи и идеолози на организацијата;

20. Се изгради, односно се возобнови Музеј Спомен куќа на Д-р Христо Татарчев во Ресен, првиот претседател на ВМРО (МРО), исто така освен артефакти има и уметнички слики и воштани фигури во истиот;

21. Во 2012 година се обнови куќата на Бојаџиеви во Охрид како автентичен примерок на стара градска архитектура и целосна факсимилна обнова и ревитализација на Куќата на Уранија во Охрид.

22. За “Драмски Театар” Скопје се изработи нов проект за нов современ објект, на местотото на сегашните дотрајани бараки. Се обезбеди буџет за изградба, се изврши избор на градежна фирма изведувач и на надзор, по избор на вработените се одлучи привремно преставите да се одвиваат во штотуку реконструираниот културен дом во Кисела Вода, но пред самиот почеток на градбата, кој се поклопи со политичката криза во 2016 година дел од вработените актери најавија штрајкови и блокади барајки да останат во сегашните дотрајани простории со образложенија од типот дека го сакале миросот на даските во сегашниот театар, што секако беше политичка активност во време на една поширока кампањата за рушење на владата.

23. Оставивме два готови проекти за нов објект на универзалната сала во Скопје. Едниот за нова сала со 2.500 седишта и плус 7 помали сали, архитектонски однадвор во форма на јајце и вториот за реконструкција и проширување со четири нови помали сали за да во двете варијанти објектот стане еден вид конгресен центар “Александар Македонски”, како што тогаш беше именуван, а по враќањето на СДСМ реименуван. Се обезбедија средства од централниот буџет кои ќе одеа како трансфер до град Скопје за почеток на изведбата. Со смена на власта проектот се запре до ден денешен и еве веќе шест години слушаме само ветувања и расправии, но градба нема.Се обезбеди земјиште за изградба на филмски центар со филмско студио со набавка на филсмска опрема во Зелениково. Промената на власта доведе до тоа овој проект шест години да не се реализира. Слична судбина доживеа и проектот за обнова и ревитализација на споменикот на културата Хавзи Пашини конаци во с. Бардовци, како и планот за изградба на нов објект на местото на постојниот “Театар Комедија” по пат на јавно приватно партнерство. Се запре во самиот почеток и градбата и проектот Антички театар во Скопје во археолошкото наоѓалиште Скупи на темелите на ист таков објект од римскиот период на почетокот на новата ера на кој ќе имаше седишта за околу 9 илјади публика на разни музички концерти, драмски престави на отворено и други културни манифестации.

24. Целосно се реконстуираше, се догради и градежно се затвори салата во Валандово во која се одржува музичката манифестација Фолкфест Валандово;

25. Се спроведе проект – обнова на фасадите во старите градски јадра , Охрид, Крушево, Кратово, Битола, Прилеп…Во Скопје имаше различен од овој проект но во иста свера. Освен то некои во чаршијата се возобновија, се променија фасадите на поголем број објекти во центарот на градот кои не само што беа дотраени туку зафатот преставуваше замена на социјалистичкото сивило со фасади од величенствените историски стилови на архитектура какви што имало повеќе во Скопје пред земјотресот.

26. Се финансираа преку 140 филмови меѓу кои филмот “До Бачак”, “Трето Полувреме”, “Мајки”, “Ослободувањето на Скопје” и голем број други филмови а се кофинасираше и во првата сезона на серијата “Сенки над Балканот”. Серијата “Македонија“ со предвидени 80 епизоди беше прекината во самиот старт со доаѓањето на новата власт, исто како што се запре реализација на филмови за Цар Самоил и за Александар Македонски. Македонската кинематографија имаше над 900 претставувања на реномираните фестивали во светот со преку 160 освоени награди.

27. Со Законот за филмска дејност во 2014 година започнавме со промоција на Македонија како дестинација за снимање филмови, нудејќи стимулативна мерка со 20% поврат на вложувањата на домашни и странски средства за реализација на филмски или телевизиски проект. Првата реакција дојде со снимањето на францускиот филм “АFond”, продолжи и со други но по смена на власта замре тој проект.

28. Беше издаден капитален книжевен проект “Ѕвезди на светската книжевност”, инициран и финасиран од владата. Реализација со превод и печатење на специјално издание од 560 книги, каде специјална комисија на докажани стручни лица во областа ги селектираше најдобрите дела класици, избрани дела, добитници на награди, бестселери, мемоари препорачана универзитетска литература.

29. Издаден е капитален издавачки проект по иницијатива и финасирање од власта под наслов “Нобеловци” . Превод и печатење на сите книги, преку 140 книги, кои добиле Нобелова награда за литература од почетокот на 20. век кога почнала да се доделува, до 2015 година, а кај некои автори нобеловци и по уште едно нивно славно дело.

30. Издаден капитален книжевен проект “Светско книжевно богаство” каде се преведени и испечатени сите книги кои се добитници на најпознатоте книжевни награди во светот освен нобеловата награда. Тука се сите добитници на пулицерова награда, букерова награда, руски букер, награда Сервантес итн кои всушност се најважните книжевни награди во САД, Велика Британија, Русија, Франција, Германија, Италија, Шпанија и други, заклучно со најпозната награда за детска литература Ханс Христијан Андерсен.

31. Се создаде капитален книжевен проект со Превод и печатење на “135 тома македонска книжевност” на околу 32.000 страници со најдоброто создадено книжевно дело во Македонија, на шест странски јазици покрај македонскиот(француски, шпански, руски, германски, арапски и кинески јазик). Истите покрај во домашните библиотеки и во слободна продажба се распределија во централните библиотеки на преку 100 држави и големи градови низ светот.

32. Капитален книжевен проект “Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа”. Превод и печатење на вкупно 366 најдобри книги на сите времиња од овие три области.

33. Мега книжевен проект – Превод на македонски јазик на биографии и автобиографии, мемоари и монографии на светски познати личности – 150 дела;

34. Превод на 50 дела од едицијата „Познатите битки и војни во светската историја“.

35. Капитален книжевен проект – антологија на светската поезија преведена на македонски јазик во пет тома со најдоброто од светската поезија на сите времиња;

36. Превод на 50 најзначајни дела од светската архитектура, сликарство, скулптура, внатрешен дизајн и орна- ментика преведени на македонски јазик.

37. Превод на 150 книги кои се најзначајни светски дела од областа на спортот и од областа на здравото живеење, здравиот живот и исхраната.

38. Мега книжевен проект со превод и печатење на 50 најзначајни книги за најголемите историски премрежиња и предизвици;

39. Група познати професори и доктори по историски науки одбраа преку 80 дела поврзани со Македонија и македонската револуционерна борба главно од бугарски автори и се преведоа со стручна редакција и појаснувања на македонски јазик со проектот наречен PROMACEDONIA. Планот беше следната фаза на овој проект да биде превод и печатење на книги од други странски автори, а од сите земји во светот за кои се говори за Македонија, но тој дел се запре со доаѓањето на новата власт.

40. Се снимија преку 100 документарни филмови за македонската историја со целосна финансика подршка на владата. Текстовите на авторите на повеќето од овие документарни филмови, кои се главно професори и доктори на науки по историја се издадоа го печатена форма како посебен проект наречен “Македонски искушенија”.

41. Се направи евидентирање, фотографирање, снимање, и архивирање на видео матерјали и разговори со Македонците протерани од Егејска Македонија во 20 век.

42. Проектот “Македонија во светскиот печат” кој институционално се реализира преку државниот Архив предвидуваше најмалку четири големи книги во кои се преведени текстови поврзани со Македонија во весниците на најважните и најголеми држави во светот одкако во тие земји почнале да се печатат весници. Планирани беа земјите САД, Велика Британија, Франција, Австро-Унгарија, Русија, Германија и уште неколку земји да се сместат во најмалку чети тома, но за жал се издадоа само два тома, а потоа проектот запре по смена на власта.

43. 35 монографии за Македонски историски личности од македонската современа историја, од кои 33 се реализираа.

44. Енциклопедија на ВМРО 1893-1934

45. Енциклопедија (прва) на Македонија која се изработи и испечати од страна на МАНУ со директна владина финасиска поддршка но за жал доживеа многу различни гледишта и политички и етнички превирања и од тие причини не беше целосно афирмирана.

46. Во четири тома се издаде едицијата проектот Македонија- милениумски културно историски факти која се заврши и со финансиска Поддршка од УНЕСКО , и која имаше четири дела: 1.археолошки локалитети, 2.Христијански споменици, 3.отомански споменици и 4.Охрид- светско наследство

47. Државниот архив со целосна финасиска подршка на владата го издаде капиталниот проект со кој се издадоа огромен број од архивите на УДБА каде може да се проучи функционирањето на еден мрачен период на македонската историја во времето на комунистичкиот недемократски режим;

48. Се изградија нови депоа во Кинотека на Македонија. Проектот за дигитализација на културното наследство непрекидно се одвиваше, а целосно се дигитализираше и се реставрираше целокупното филмско творештво на браќата Манаки и филмските опис и на Столе Попов, Љубиша Георгиевски, Милчо Манчевски и други, меѓу кои и документарниот филм Македонија во слики-1923” на Арсени Јовков.

49. Се реконструираа просториите на НУ Ансамбал за народни игри и песни “Танец”, се реконструирашен”Агенцијата за Филм” на Република Македонија, се отвори нов регионален центар на УНЕСКО за дигитализација на културното наследство, се направи целосна адаптација и санација на галерискиот простор во Музејот на современа уметност, се реконстуираше НУ Музеј на Македонија, се надгради НУБ Св, Климент Охридски во Битола, се реконструираше Меморјалниот музеј 11 Октомври – Прилеп, целосна обнова на спомен домот на Браќата Миладиновци во Струга, се обнови музејот во село Смилево, целосно се заврши реконструкцијата на големата сала во центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, покривната конструкција на ЦК Ацо Ѓорчев во Неготино, реконструкција и санација на домот на културата во Кисела Вода, НУ Трајко Прокопиев во Куманово, заштита на админсутаративната зграда на Заводот и музеј -Прилеп, и многу други реконструкции, доградби, надградби и слично на културните установи.

50. Се набави нова сценска, светлосна и тонска опрема за театрите во Макеоднија. Се ставија во функција киносалите при центрите и домовите за култура. Преку 30 центри и домови се опремени со кино проектори, проекции ни платна, и друга аудио и видео опрема.

51. Се изградија нови 20 унифицирани репрезентативни мали монтажни објекти за културна и туристичка понуда за продажба на сувенири и други видови културно туристички промотивен матерјал за промоција на Макеоднија

52. Се формира нова “Библиотека за слепи лица” во рамките на НУБ Климент Охридски со многу ново креирани содржини односно книги;

53. Се изгради нова куќа посветена на родителите на Мустафа Кемал Ататурк во Козаџик, Центар Жупа;

54. Целосно е реализиран проектот преку сите министерства а најмногу преку Министерството за образование за Превод на 1100 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија

55. Се завршија голем број конзервации и реставрации, како Саат кулата во Прилеп и во Гостивар како и старото медресе (во рамките на проектот комплекс Саат Џамија) во Годтовар, Воска Амам во Охрид, стариот конак на манастирот Св. Архангел во с.Кучевиште, Турбето на крал К’зи, неолитскиот село Тумба Маџари, живописот на црквата од манастирскиот Комплекс во Лешок, обнова на старата пошта во Струмица, Шарена Џамија во Тетово, црквите Св. Никола и Св. Ѓорѓи с. Орах, Кумановско, Св. Богородица с. Велушина, битолско, Св. Богородица Захумска с. Трпејца Охридско, Св. Богородица Перивлета во Охрид, Св. Ѓорѓи с. Старо Нагоричани, Св. Ѓорѓи Победоносец с. Младо Нагоричани,, манастирот Св. Никола во Мариово, Јени Џамија во Битола и адаптација на галерискиот простор,Св. Ѓорѓи с. Курбиново, Св. Ѓорѓи во Стуга, Св. Гаврил Лесновски во с. Лесново,заштитни мерки во Св. Арханѓел Михаил во Берово, Св. Никола во Љубанци, обновен е амамот во Гевгелија, целосно е Реконструиран центарот за култура во Тетово и Дебар, конзерваторскиот центар во Гостивар, кино салата во Кичево, Пробиштип, Делчево (во рамки на НУ Центар за култура) и Кратово, адаптиран е галерискиот простор во Демир Капија, санирана е и реновирана библиотеката во Крива Паланка, се набави нива лабараториски опрема за националниот конзерваторски центар во Скопје, целосно е Реконструиран НУ Музеј на албанската азбука во Битола,

56. Целосно се реконструира и обнови манастирскиот комплекс Св.Преображение во с.Зрзе, прилепско, со што се зачуван еден исклучително значаен споменик на културата. Претходно беа спроведени обемни археолошки ископувања, се изврши и реконструкција на Владичкиот конак и се направи патот до манастирот;

57. Обнова на опожарените конаци на манастирот Трескавец – Прилеп (делумно завршена) со асфалтиран пат до него;

58. Комплетно обновено конаците и другите простории во опожарениот комплекс на манастирот Св. Јован Бигорски

59. Се основаа нови институции како театар во Тетово и во Охрид како и “Театар Комедија” во Скопје, археолошкиот локалитет Стоби прерасна во самостојна институција, Музејот на албанската азбука, националната галерија во Тетово, конзерваторскиот центар во Гостивар, нова единица за модерен танц при МОБ, и нова секција на албанската драма во Куманово, нова секција на македонски јазик во Тетовскиот театар, основана е НУ Вардар Филм – Македонија со реконструкција и реновирање на објектот кој го користи неопходен при продукција на филм а во големина од 570 мкв, изградени се покривни конструкции на Античкиот театар и Долни Сарај во Охрид, и др. Се основа “Центар за книга” како организациска единица во рамките на Министерството за Култура,се отвори новиот центар за дизајн и иновации – Јавна соба.

60. Основан е нив музеј на прогонетите од егејскиот дел на Македонија “Македонците-бегалци” во втората светска војна и граѓанската војна во Грција 1940-1949;

61. Се реконструираше Музејот на илинденското востание и крушевската република;

62. Целосно се реализираше екстериерно и интериерно галеријата “Никола Мартиновски” во Крушево а се превзема и куќата заедно со многу слики на Личеноски во Скопје со цел да биде спомен куќа на Личеновски.

63. Целосна обнова и конзервација на фасади на објекти од старата градска архитектура. Со реализацијата на овој повеќегодишен проект, се зачувуваат архитектонско-стилските вредности на градските јадра и се овозможува соодветен третман и промоција на споменичното наследство. Во рамките на проектот за обно на фасади на објекти од старата градска архитектура беа обновени 27 фасади во повеќе градови, меѓу кои во Охрид, Скопје, Крушево, Гостивар, Прилеп, Битола, Гевгелија, Кичево, Кратово.

64. Реставрирана црквата „Св. Никола“ во село Чагор, Битолско. Целосна реконструкција на внатрешноста на објектот што го користи НУ Театар за деца и младинци. Реконструиран е источниот конак на манастирскиот комплекс Св. Архангел Михаил – Варош, Прилеп. Санациран и реставран е ентериерот во Златкова кула Кратово. Конзервирана е Куќата од Ајри Доко во Охрид, каде се обнови објектот од староградската охридска архитектура познат како Куќата на Ајри Доко. Се заврши конзервација на археолошкиот локалитет Манчевци во Охрид. Се санираше споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко. Се обнови “Стар амам” во Тетово, се направи конзервација на фрескоживописот во црквата “Св. Спас”во Штип,

65. Кинотеката на Македонија доби нова најсовремена дигитална опрема, а беше обновена и кинотечната сала. Фестивалот Охридско лето доби нов простор, Домот на културата Иван Климе Мазов во Кавадарци се реконструираше и доби нови столчиња за публиката.

66. Се востановија постојани поставки во националните музеи и се осовремени ја депоата на музеите во Македонија.

67. Се развија нови проекти и манифестации како “Културно лето” и “Културна зима”, претежно во општините со развиен и со потенцијал за туризам, и “Топол културен бран”со над 700 манифестации низ сите градови на Македонија и со масовна посетеност на истите. Се од ова е замрено по смена на власта.

68. Се воведоа низа нови стимулативни мерки за уметниците и културните работници, како на пример Конкурс за откуп на уметнички дела од областа на визуелнуте уметности, ефективен откуп на композиции од областа на класичната музика, проект и закон за подршка на домашното творештво и создавање нови композиции на забавната и народната музика, како и детски композиции, конкурс за финасирање преводи на репрезентативни и квалитетни дека од македонската книжевност од страна на странски издавачки куќи, проекти за поттикнување на креативните потенцијали и индустрии, до 50% попуст за организирани посети на балетски, театарски и музички настан,, се воведоа мерките “Слободен четврток” и “Слободна среда” со бесплатни билети за студентите и средношколците за државните театри, музеи и кина, низа проекти за културни манифестации и настани во Старата скопска чаршија и повеќе други.

69. Македонија беше на секои три години организатор на светска конференција за меѓурелигиски и меѓу цивилизациски дијалог во Охрид и Скопје со над 700 учесници, проект кој згасна по смената на власта, како и многу други. Имаше бројни меѓународни изложби на македонското културно наследство, денови на македонската култура во многу деуги држави, бројни меѓународно спогодби и билатерални договори за соработка во областа на културата, подршка на комплексни манифестации, учество на биеналиња на културата, уметноста, архитектурата, соработка со меѓународни фондации, учество на многу саем и на книга во странство , отворање културно информативни центри во други држави, соработки со УНЕСКО, Македонија беше домаќин на значајни меѓународни настани и различни претставувања во странство.

70. Се испечати ја многу публикации за културното и природно наследство наменети за туристичка промоција на повеќе јазици, и многу капитални археолошки истражувања како оние на Стоби кај Градско, Маркови кули, Водно, Скопје Кисела Вода, античкиот театар Скупи, Плаошник во Охрид, Антихонеа (Градиште) кај Неготино , Исар Марвинци, Валандовско, кули и тунели во Кратово, скопското Кале,Скупи, антички(римски) град, Таор (Таврисиј), скопско, Хераклеја Линкестис, битолско, Стибера (Чепигово), прилепско, Исар-Штип, Баргала, штипско, Цареви кули -Срумица, виничко Кале, тетовско Кале, кичевско Кале, Билазора, Кнежје, Св. Николе, археолошки катастер / топографија на Македонија,Гергеј, Горнополско градиште, Градиште на Пчиња, Младо Нагоричане, Агријански град, Старо Бонче и Висока, Бонче Крушевица, Пелагонија, Кастелот кај Кожле, Трескавец Прилепско, Вардарски Рид Гевгелија, Еврејски гробишта Штип, Св. Никола, Мариово, Самоилова тврдина Охрид, Киклопски ѕидини-Охрид, и многу други.

Тука ќе запрам. Има уште, но толку е неспоредливо со нашите политички конкуренти во актиелната власт, што нема основа на која да се споредуваме во областа на создаденото во културата и проектите поврзани со одбраната и афирмацијата на националниот идентитет.