Никола ГРУЕВСКИ

Не беше тешко да се претпостави, како што веднаш и објавив пред околу три недели – веднаш по направениот “голем пазар” по кој следеше комплетен пресврт во нивните изјави, она што денес всушност се случи, обвинителката Лиле Стефанова во завршните зборови денес да побара од судот максимална казна за мене, а минимална за Јордан Камчев и условна за Ристо Новачевски. Таа денес во завршните зборови за се што не обезбеди доказ, а не обезбеди доказ за ништо, коментираше со вокабулар “докажавме…”.

Изјавите во судот на обвинетите во теоријата и праксата на правото не се сметаат за доказ бидејќи обвинетите може и да лажат за да се спасат, но тоа е единствениот начин како обвинителството ќе се обиде да се спасува од пораз во овој конструиран предмет, како дел од политичкиот прогон кон мене.

Предмет во кој обвинителството не обезбеди ниту елементарен матерјален доказ, ниту вербален доказ кој директно од сведоците ме посочува мене дека навистина сум купил и криел земјишта и станови, ниту влез и излез на мои пари или на лица поврзани со мене, ниту пак можеше да обезбеди бидејќи тоа не се случило.

Ова откако обвинителката ставена во улога на бранител на обвинетите Камчев и Новачевски претходно побара од судот да не ги прифати аудио снимките кои се појавија на YouTube каналот “The true above all” каде Јордан Камчев(ЈК) ми ја раскажува вистината мене (НГ) за тоа што се случувало. Еве еден извадок и краток сегмент од помалку од две минути од тој разговор заради потсетување.

-НГ: … Добро, значи ти им кажа дека од 2015 си го купил, дека Ристе ти го продал, дека не си имал никаква врска со мене, тоа е тоа.
-ЈК: Јас само ја кажав вистината, сфаќаш, значи нема што да кажам друго јас. Апсолутно, јас точно кажав се како што било, ништо друго…
Кога рече Жерновски дека не сака да прави инфраструктура решив да ги продадам. И тоа е вистина. Дека сакав да правам старечки дом со медицинска нега…
…Абе физибилити имаме направено за тоа, ја плативме сто илјади долари, комплетна со проект, викам ќе ви го донесам да го видите и тоа. Нема лажење викам.
Вистина е се, како да ти кажам…