НиКола ГРУЕВСКИ
Еден пријател денес ми прати изјава на актуелниот претседател на Уставен Суд- Добрила Кацарска, судијка која порано судеше и прогласуваше виновни во случаи на СЈО без докази само на основ на т.н. снимки, или попрецизно нелегално прибавени копии не според и со оргиналот аудио матерјали.
Ја читам нејзината изјава и се прашувам на кои дроги е жената?
Затоа што нормален и при здрав разум човек на нејзино место не би одбрусил вакво нешто.
Зошто?
Па самата таа донесе осудителни пресуди во предметот “Тенк” само на база на т.н. снимки и тоа не оргинални туку копија на нелегално прибавени снимки, кои таа одби да ги спореди со оргиналот.
Еве што направи жената брзајќи да не осуди и да ја добие ветената награда да стане претседател на уставен суд…
Ги испита сите сведоци предложени и од СЈО и од одбраната. Сите до еден сведочеа во наша полза а најважно е што членовите на комисијата за јавни набавки кои ја спровеле набавката и ги подготвиле сите документи јасно кажаа дека никој не им извршил никаков притисок ниту им се вмешал во било која фаза од работата. Никој!
Ни шефот за одеелот за набавки Ѓоко Поповски на кој таа му даде 9 години затвор и кој ни крив, ни должен ја одлежува казната.
Ниту поранешниот министерот на МВР Гордана Јанкуловска за која нема ни снимки со било кој од МВР на темата, ни сведоштво, ни било каков потпишан од неа документ во врска со набавката, ниту пак имала комуникација со шефот за јавни набавки по тоа прашање, што и самиот тој го потврди.
Против мене исто така немаше ниту еден матерјален доказ, потписи или слично, ниту еден сведок или обвинет не ме посочи дека сум влијаел на било кој начин, и се се сведе за сите нас тројцата само на база на 2-3 нелегално прибавени снимки кои видовме во случајот со Мартин Нешковски како Заев си ги крател и моделирал, како што и самиот јавно призна дека демек биле многу долги па ги подскатрил.
Како да збориме за кастрење лозје а не “снимки” со кои некого го прогласуваат виновен и го ставаат во затвор.
Единствено нешто со кое сите тројца не осуди со затворски казни беа токму тие “снимки” кои СЈО ги примило по истекот на рокот од Законот за приватност, кои се копии не споредени со оргиналот, при што економскиот вештак што самото СЈО го одбрал кажа дека колата се набавила по регуларни цени и нема никаков екстра профит за фирмата.
Во овој случај немаше ни обвинение за корупција, туку за влијание, демек сум влијаел да се купи Мерцедес, оти повеќе сум сакал да ме возат во такви возило отколку Ауди или БМВ и со тоа што неколку пати ме возеле баш во таа кола а не во некоја друга службена, сум остварил корист. Тешки глупости. Кога раскажувам на луѓе тука каде сум, не им се верува дека такво нешто е можно!
Вистинската причина за тоа лудило беше дека проценија дека тој предмет може најбрзо да се заврши и пред финалното гласање за уставот за името да не сум на слобода, а и генерално што побрзо да ме предадат на “екипата” од Диво Насеље која ме чекаше во истиот затвор Скопје. Токму затоа Кацарска држеше по 3-4 рочишта неделно од 10 до 22 часот а и во другите работни денови ни набиваа судења за други предмети за да немаме никакво време за анализа и подготовка за следниот ден.
Затоа велам на кој дроги е жената и дали нема барем малку образ кога јавно лаже?
Но, не е само во овој предмет така. Не со индиции а без докази, уште повеќе со претпоставки судеа и сеуште судат. ЛИЧНИ ПРЕТОСТАВКИ!!!
На пример првостепениот суд за случајот “Протести пред општина Центар” мене и Миле Јанкиески не прогласи виновни само за еден телефонски разговор кој не е поврзан со настанот пред општината, кој ние не го организиравме и плус од предложените три сведока од моја страна односно од страна на одбраната, недозволи ниту еден сведок да сведочи.
Одиш на суд, те прашуваат бидејки кора да те прашаат дали имаш сведоци, викаш имам три сведоци. Не триесет или триста. Само три! Сослушување на тие три е 30 минути.
Судијата вика “не дозволувам да сведочат” бидејќи за еден од нив знаеше дека ќе каже дека тој јавно повикал на протести а не ние! Значи човекот што повикал јавно да има протести, во случајот Владиката Агатанѓел ќе посведочеше дека тој јавно преку медиумите повикал без наш притисок или барање. И ако го приема за сведок, немаше да можат ни претпоставки да смислат.
Додатно, прогласија за виновни осумина од толпата за кои има снимка дека само биле присутни меѓу народот, толпа од околу 600-700 лица, но нема за нив снимка или било каков доказ, ниту обвинение дека некого удриле или нешто скршиле.
И тие кажаа таму во судот дека го чуле повикот на владиката и дошле на протест. Никој пд партијата не го викнал. Се чудеа зошто се на суд.
Сведоци против мене боновој случај беа сите советници на СДСМ во општината чии главен и единствен аргумент беше дека не ме виделе таму но го чуствувале мојот дух!?
Да не одам предмет по предмет во детали, само ќе нафрлам.
Во пеедметот “Плацеви Водно” ме обвинија дека сум земал партиски пари и ниту еден доказ не покажаа за тоа. Ниту еден, ни сведок, ми ништо. Преставник на партијата дојде и кажа дека немаат таква информација дека сум земал партиски пари.
На крај се испостави дека плацот не е купен со пари во готовина, туку странска фирма го купила од пари од редовно работење во кое нема ниту еден Македонец и платила со банкарски трансакции, Парите и доаѓале од редовно работење. Нема потпис, нема мое или на поврзано лице потпис или банкарски трасакции, немаше никаков матерјален доказ.
Ниту еден сведок не ме посочи мене лично дека нешто сум побарал од него или сум дал или земал пари. Се беше рекла-казала од типот “јас си помислив дека можеби е вака или така”, “некој ми рече дека е за него” и сл.
Со закана, притисок, притвори и понуда за многу благи казни издејствуваа обвинети да признаат вина и нешто да кажат против мене, но тоа кога обвинет говори против тебе во ниту еден суд во светот неможе да е доказ бидејќи обвинетиот за да се спаси може што сакаат да каже и затоа се ценат само сведоштвата на сведоците иско и врз нив се вршат огромни притисоци.
Во ТНТ кој доказ имаше за првостепено да ме осудат девет години ? Ни потпис, ни документ, ни матерјален доказ, ни сведок ништо!
Само неколку нелегално прибавени и копии од снимки не споредени со оргиналот кои не се ни вештачеа за да се утврди нивна целовитост, веродостојност, автентичност…
Во Талир 2 за штабовите, таму нема ни сведок, ни потпис, ни одлука, ни снимка против мене, ни против другиот обвинет!
Има само бујна фантазија на обвинителот кој чека унапредување или некаква друга награда од власта.
Во Титаник и (Талир 1)освен што нема матерјални докази и сведоци против мене, нема ни снимки поврзани со предметот на обвинение и пуштаа незаконски прибавени копии од снимки кои никогаш не беа вештачени, од кој произлегува некако наводен разговор за тоа кој пратеник од Тетово да се предложи на листа. На прашање што има врска тоа со финасирање на партијата, одговорот беше дека од снимаката се гледа дека сум имал големо влијание во партијата при избор на пратеник, што значи (пак претпоставка) дека сум имал влијание на се, па и на паричните трансакции.
Кој суд во светот суди вака?
Затоа ги употребуваме изразите како класичен политички прогон, хајка и слично.
Е сега, не само што го прават ова, другите судии барем јавно си молчат, некои од нив знаат дека се кабаетлии, па праќаат абери по луѓе дека биле под притисок и немале избор, но Добрила Кацарска оди по емисии, држи говори пред медиуми и уште и ги строи другите уставни судии, а овие и молчат бидејќи не биле присутни во сидницата кога судска па незнаат, дека немало судија на свет, или како што вели: “најдете ми еден судија на свет, кој осудил без докази, кој се базирал само на прислушкувани разговори”?
Па еве јас ќе и најдам: “кога е сама дома нека се погледне во огледало, нека се сети што правела и нека го исплука огледалото. Малку ќе и олесни.
А плус тоа не е кривично дело!
П.С. Нема да се изненадам ако во некоја следна прилика на колегите им каже: ”најдете ми судија во светот кој со обезбедени законски прибавени видео снимки на кои јасно и недвосмилено се гледа како обвинетиот бара поткуп за него и има сведок кој е самата жртва од кој се барал поткупот, може да ослободи некој, па макар бил премиер кој му ветил награда со огромно кариерно унапредување”